Кингсли се збуни и го погреши автомобилот, Баерн не простува

Кингсли Коман ја направи истата грешка што често фудбалерите знаат да ја повторуваат и пристигна на тренинг со сопствениот автомобил, Мекларен, наместо со возилото од гамата Ауди, кој е официјален партнер и спонзор на Баерн Минхен и ќе биде казнет.

Крилото на Баварците веднаш се извини за утката, но челниците на клубот најавија дека ќе биде казнет.

„Сакам да им се извинам и на Баерн и на Ауди. Причината зошто не дојдов со возилото на нашиот спонзор и партнер Ауди е што ми беше скршен ретровизорот, но сепак погрешив“, вели Коман.

Баерн има многу проблеми од ваков, или сличен карактер. Пред Коман, и Никлас Зуле и Фелипе Кутињо си доаѓаа со приватните авотмобили на тренинзите на германскиот шампион, а неодамна Џером Боатенг имаше сообраќајка во период кога имаше забрана за движење, односно полициски час во Германија.

Фудбалерите на Баерн почнаа со тренинзи на почетокот на оваа недела, по паузата и карантинот заради епидемијата со Коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести