ПСЖ ќе го задржи капитенот уште една сезона

Пред да се случи непосакуваната ситуација со корона-вирусот, Тијаго Силва беше на излезна врата од ПСЖ. Искусниот капитен кој од 2012 година ги брани боите на францускиот првак требаше да си замине од Париз откако ќе му истечеше договорот во јуни, меѓутоа пандемијата ги премисли Светците.

Во следниот преоден рок трансферите ќе бидат минимални, ако се земе предвид дека застојот во фудбалот им наштети на финансиите на клубовите, а тоа важи и за ПСЖ, кој има милијардерски сопственици. Затоа, наместо да трошат пари за нов дефанзивец, ќе ја продолжат соработката со капитенот на уште една година.

И на самиот Силва му се допаѓа идејата да остане во француската престолнина уште една година, па преговорите треба да започнат во најскоро време.

- Оглас -

Најнови вести