Формула 1 шампионатот останува во неизвесност, откако поминаа повеќе од месец дена како се одложи првата трка што требаше да се вози во Австралија. Поради пандемијата со Коронавирусот, одложени се поголем број на трки и челниците ја најбрзиот спорт во светот, се плашат дека може да останат без трки за оваа сезона.
Како една од многуте опции кои се разгледува за тоа како да започне натпреварувањето, е да се возат две трки за две недели во исто место. Како локација е посочена Австрија, а датумите се 5 и 12 јули. Планот е пред да започне возбудливиот викенд, сите инволвирани да бидат тестирани на Коронавирусот, а потоа во тие две недели да се направи шоу со две трки на една патека. На трибините би имало место за само 2.000 луѓе.
„Планираме да одржиме две трки за две недели. првата би била на 5 јули, а втората ќе биде седум дена подоцна. Тимовите треба да бидат организирани и по доаѓањето во Австрија да направат тестови на Коронавирусот за сите членови. Сите оние кои ќе бидат дел од трката, треба да бидат негативни на тие тестови. Во преговори сме и со други земји за ваков вид на организација на трки“, откри Хелмут Марко, кој е советник на екипата на Ред Бул.
Претходно се споменуваше дека слично сценарио може да има и на патеката „Силверстоун“ во Велика Британија. Со брзото организирање на две трки на исто место, челниците на Ф1 ќе се обидат да го надокнадат изгубеното време во досегашниот дел од сезоната.
Засега, Ф1 очекува сезоната да старува на 28 јуни си трката во Франција, но и таа опција не е 100 осто сигурна затоа што во земјата на Галските петли е сериозна ситуацијата со Коронавирусот и голем дел од луеѓето се заразени.