Француското фудбалско првенство и дефинитивно е прекинато откако владата на оваа земја донесе одлука да нема спортски настани до септември поради пандемјата со корона-вирусот. Со оваа одлука Франција е прва од Топ 5 лигите во Европа која се реши да го прекине шампионатот, а со тоа најверојатно да му се одземе шансата на Пари Сен Жермен да биде првак бидејќи Светците беа убедливи лидери на табелата.
Одлуката да има стопирање на спортските настани до септември донесе и дополнителни проблеми за ПСЖ. Ако одлуката е да нема спортски настани до септември, тоа значи дека неизвесно е што ќе се случи со натпреварите кои францускиот првак треба да ги доигра во Лигата на шампионите.
Газдата на ПСЖ, шеикот Насер Ал-Келаифи најави дека неговиот клуб нема да се откаже од Лигата на шампиони, па макар да треба да ги игра домашните мечеви и надвор од земјата.
Al Khelaifi said: We plan on competing in the Champions League with UEFA agreement – wherever and whenever it is held. If it is not possible to play in France we will play our matches abroad subject to the best conditions for our players and the safety of all our staff.
— tariq panja (@tariqpanja) April 28, 2020