ПСЖ нема проблем во ЛШ како домаќин да игра надвор од Франција

Пари Сен Жермен е подготвен своите домашни средби од Лигата на шампионите да ги игра надвор од Франција. Претседателот на францускиот фудбалски шампион, Насер Ал-Келаифи, рече дека клубот ја почитува одлуката на француската влада за предвремено завршување на сезоната поради пандемијата од корона-вирусот.

Спортските настани за сезоната 2019/220 нема да бидат доиграни, тоа важи и за фудбалската лига. Но, ПСЖ е четвртфиналист во ЛШ и треба да игра барем барем еден домашен меч во најсилното натпреварување.

„Ја почитуваме одлуката на француската влада. Ја уверивме УЕФА дека сакаме да учествуваме во последните етапи на ЛШ во определените денови и градовите каде што би се играло. Ако не е можно да играме во Франција, ќе играме во странство. Гарантираме дека нашите играчи и сите од клубот ќе бидат целосно здрави”, изјави Ал-Келаифи.

Париските Светци ја совладаа Борусија Дортмунд во осминафинален меч на кој немаше публика, а освен ПСЖ, и Лион ја претставува Франција во елитното друштво. Лион треба да гостува кај Јувентус, откако дома на првиот дуел победи со 1-0.

УЕФА уште нема одредено модел по кој ќе се доиграат клупските натпреварувања. Можно е и четвртфиналињата и полуфиналињата наместо дома-гости, да се играат во еден елиминациски меч во Истанбул, каде што ќе биде и финалето кон крајот на август.
- Оглас -

Најнови вести