Шпанскиот фудбалер Хесе Родригес, во својата кариера има собрано многу трофеи, иако нема дадено којзнае колку голем придонесе во освојување на тие пехари. Никогаш не беше во прв план во Реал Мадрид, но освои две Лиги на шампионите, има и по една титула првак на Шпанија и Светско клупско, а сезонава се закити со трофеј во францускиот шампионат.
Интересно е што Хесе сезонава одигра само една минута во Франција, во дресот на ПСЖ, но и нему му следува златен медал за освоено првенство.
Хесе во ПСЖ дојде во летото 2016 година, но поради никаквото учество во активностите на Светците, тој досега не можеше да се пофали дека освоил титула во Франција. Го селеа во Лас Палмас и Стоук, потоа го позајмија и во Бетис, а сезонава играше за Спортинг Лисабон. Но, пред да замине во Португалија кон крајот на август, во 4. коло од француската лига против Мец влезе во судиското продолжение, и тоа е доволно да се смета дека играл за ПСЖ сезонава и „заслужено“ ќе си добие златен медал и место во историските книги со составите на шампионските екипи.
Само три дена после настапот против Мец, Хее замина во Спортинг, но не се прослави ниту како соиграч на Стефан Ристовски. Даде само еден гол. Договорот на Хесе со ПСЖ е до 2021 година, па можно е летово да биде продаден.