Баварците вредни како пчели – Договорен уште еден потпис на „Алијанц“

Раководството на Баерн Минхен е доста активно во период кога фудбалот е на пауза поради пандемијата со корона-вирусот. Изминатиов период Баварците ги осигурија соработките со Томас Милер и младиот Алфонсо Дејвис, додека на тренерот Ханси Флик му ја дадоа довербата да го води тимот и во наредните сезони, а според последните информации, договорен е уште еден потпис.

Преговорите траеја извесно време, но Баерн и Тијаго Алкантара конечно постигнаа договор, па шпанскиот репрезентативец ќе остане на „Алијанц арената“. Актуелниот договор му истекува следното лето, па затоа клубот реши да го врзе клучниот играч од средината. Новата соработка ќе се официјализира, односно ќе се претстави на јавноста во текот на оваа недела.

Тијаго е член на Баерн од 2013 година, дојде од Барселона за сума од 25 милиони евра, а за германскиот првак запиша вкупно 227 настапи, во кои забележа 31 гол и 37 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести