Франција го прогласи Килијан Мбапе за Златна копачка на предвреме завршениот шампионат во Лига 1, иако францускиот репрезентативец од Пари Сен Жермен има 18 голови, исто колку и Висам Бен Једер, шпицот на Монако.
Правилата се јасни и Килијан го победи Висам на пенали, односно поради фактот што сите голови ги даде од игра, за разлика од главниот конкурент, кој погоди трипати со удари од белата точка.
И оваа одлука предизвика доста коментари и критики, како и одлуката на Федерацијата предвреме да означи крај на сезоната и да го прогласи ПСЖ за нов шампион.
Интересно е што Мбапе и Бен Једер се потполно израмнети и по бројот на голови и со асистенциите, а ги имаат по пет, но сепак Килијан е крал на стрелците во Франција за сезоната 2019/20.