Готово е, Себастијан Фетел си оди од Ферари!

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, ќе го напушти Ферари по завршувањето на годината. Ова стана јасно откако преговорите за нов договор беа прекинати. Двете страни биле многу далеку од договор (не се согласувале ни околу парите, ни околу времетраењето на договорот), па наскоро се очекува веста за разделбата да биде официјано објавена и од самиот тим.

За местото на Фетел во црвениот болид со Црното коњче кандидати се неколки имиња, но фаворити се: Шпанецот Карлос Саинс од Мекларен и Австралиецот Даниел Рикијардо од Рено.

Фетел би можело да премине во Мекларен на местото на Саинс. Фетел нема намера да се врати во Ред Бул, со кого освои четири титули од 2010 до 2013 година. Ред Бул не сака друга ѕвезда покрај Макс Ферстапен.

Фетел, кој има 32 години, не се наметна во Ферари, не тргна по стапките на Михаел Шумахер, а лани почна да ја губи битката и со клупскиот колега Шарл Леклер, кој потпиша договор до крајот на 2024 година. Ферари од 2007 година нема титула. Оваа сезона не е почната, а ако не ни почне, што е најцрно сценарио, тогаш веројатно Фетел веќе никогаш нема да го вози болидот на Ферари.

 

- Оглас -

Најнови вести