Нејмар останува во ПСЖ и во следната сезона

Агентот на Нејмар, Вагнер Рибеиро, изјави дека напаѓачот на Пари Сен Жермен нема да го напушти парискиот клуб во наредниот трансфер-период. Бразилецот има уште две години од договорот со париските Светци, но се шпекулира дека Барселона е сериозно заинтересирана за негово враќање.

Нејмар во 2017 година го направи трансферот од 222 милиони евра, кој е светски рекорд. Тогаш премина од Барселона во ПСЖ, но иако тој сака да се врати во каталонскиот тим, веројатно ќе мора да почека.

„Мислам дека Нејмар ќе остане во ПСЖ бидејќи преодниот рок поради пандемијата ќе биде поразличен. Економските промени во фудбалот ќе бидат сериозни”, констатира агентот Рибеиро, кој смета дека Барселона има финансиски проблеми и не може да си го дозволи Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести