Германец ангажирал тинејџер да вози место него на виртуелна трка во Ф3

Германскиот возач во Формула 3, Даниел Абт е казнет со 10.000 евра откако беше потврдено дека мамел на една виртуелна хуманитарна трка. Абт е казнет затоа што на хуманитарната трка на Формула Е „Предизвик за тркање од дома“, каде што се собираат пари за УНИЦЕФ, ангажирал професионален играч да вози место него.

Во оваа виртуелна трка учествуваат 22 возачи, а по четири трки, Абт немал освоено ниту еден бод. Тогаш дошол до идеја да го изнајми 18-годишниот Лоренцо Херцинг, кој е професионален натпреварувач во виртуелни трки. Уште во првата трка Херцинг во името на Абт заврши на третото место, што предизвика сомнеж.

По проверката на ИП адресата било потврдено дека Абт воопшто не возел на таа трка, па затоа е исклучен од трката поради неспортско однесување, а ќе мора да уплати и 10.000 евра на сметката на некоја хуманитарна организација.

„Сакам да се извинам на Формула Е, на своите навивачи, на својот тим и на колегите. Не го сфатив тоа толку сериозно, а жал ми е бидејќи во овој проект е вложено многу, а јас не го почитував“, се извини27-годишниот Германец.

- Оглас -

Најнови вести