Тренерот на Барселона е против правилото за пет измени

Откако УЕФА им дозволи на националните федерации сами да одлучат дали ќе го применуваат правилото за пет измени во текот на еден натпревар, во Шпанија решија да го применат експериментот со кој би требало да бидат позаштитени играчите, но тренерот на првакот Барселона, Кике Сетиен, не мисли дека со ова правило клубовите ќе имаат многу полза.

„Ќе имаме повеќе штета отколку корист. Многу натпревари ќе се одлучуваат во последните минути, а со ова правило, противниците ќе имаат повеќе свежина во клучните моменти кога физичката подготвеност би требало да дојде до израз“ – објаснува Сетиен.

Барселона на првиот меч после паузата игра против Мајорка. Мотивацијата кај каталонците нема да изостане. Тие се први на табелата со два бода плус во однос на Реал Мадрид, и се очекува интересна трка за титулата, бидејќи двата тима сезнава имаа повеќе киксови од вообичаеното.

- Оглас -

Најнови вести