Бундеслигата го доби новиот „крал“ на асистенциите

Баерн Минхен е во пол-позиција да ја одбрани титулата во Бундеслигата на четири кола до крајот на шампионатот. Баварците во саботата триумфираа на „Бај арената“ против Леверкузен со 4-2, меч во кој избраниците на Ханси Флик поставија рекорд во првенството за најмногу постигнати погодоци (90) во една сезона.

На тој меч во книгата за рекорди се запиша и Томас Милер. Германскиот офанзивец намести два од четирите гола и стигна до бројката од 20 асистенции, што е рекорд во Бундеслигата. Меѓу друтото, Милер е првиот фудбалер од топ-5 лигите кој стигна до 20 или повеќе наместени погодоци во една сезона за првпат по Кевин де Бројне по сезоната 2014/15, кој го оствари учинокот како играч на Волфсбург.

Токму поради тоа, Бундеслигата го прогласи Милер за „крал“ на асистенциите.

 

- Оглас -

Најнови вести