Ќе има фудбалска фиеста – Шпанците во јули ќе играат со публика

Кадена Копе објави информација дека Шпанците сериозно размислуваат од почетокот на идниот месец да играат фудбалски натпревари со присуство на публика.

Популарната Ла Лига ќе се врати на сцената на 11 јуни, со големото дерби меѓу Севилја и Бетис, а последните неколку кола во првентвото би можеле да се играат со навивачи на трибините.

Ваква одлука се чека од Владата на Шпанија, а веројатноста дека Барса, Реал и останатите шпански клубови ќе имаат поддршка од симпатизерите на стадионите е голема.

Веројатно е дека ќе се прифатат примерите од неколку првенства каде што има публика, но во ограничен број. Тоа би значело дека ќе се почитува протоколот за социјална дистанца и ќе се намали капацитетот на стадионите на кои ќе се игра.

Интересно е што Реал Мадрид и Леванте веќе одлучија да играат на помали стадиони, па сигурно ќе бидат хендикепирани ако се дозволи да има публика на трибините.

Реал објави дека ќе игра на теренот на тренинг-центарот, или на популарниот „Алфредо ди Стефано“ со капацитет од 6 илјади места.

Стандардниот дом на Кралевите, „Сантијаго Бернабеу“ се реконструира и промена на одлуката не е можна. Слично е и со Леванте, клуб кој објави дека ќе се пресели на „Ла Нусија“, стадион со 3 илјади места, наместо да игра на „Сиудад де Валенсија“, својот дом на кој досега ги играше натпреварите.

- Оглас -

Најнови вести