Вратете ја публиката, на трибините на „Алијанц“ почнаа да никнуваат растенија (Фото)

Фоторепортерите на весникот „Билд“ на трибините на „Алијанц арената“ во Минхен фатија еден момент кој ќе биде тема за која ќе се зборува деновиве и тоа не само во Германија.

На стадионот на Баерн Минхен со месеци нема публика, па таму почна да расте трева и да никнуваат растенија високи и до еден метар.

Ова шокираше многумина. Билката која порасна помеѓу два реда седишта, достигна висина од еден метар и несфатливо е како луѓето задолжени за одржување на стадионот дозволија ваков пропуст.

- Оглас -

Најнови вести