Играа пред 20.000 гледачи, па сега им текна да го намалат капацитетот на стадионот поради Коронавирусот

Партизан се пласираше во финалето на Купот на Србија, откако во јубилејното 200. градско дерби минимално со 1:0 ја победи Црвена ѕвезда. Мечот на стадионот на Партизан беше вистинска фешта и единствен во светот на кој имаше дури 20.000 гледачи на трибините.

Во период на пандемијата поради Коронавирусот, во најголем дел од првенствата во светот воопшто не е дозовлено гледачи на трибините, а таму каде што е дозволено, капацитетот е максимално редуциран. Сепак, тоа не беше случај на Партизан – Звезда, па трибините беа полни.

Само неколку дена по завршување на тој меч, од Партизан излегоа со одлука дека сепак е време да се редуцира капацитетот на трибините, па за дуелот против Чукарички, секој навивач што ќе биде на стадионот, ќе мора да има најмалку еден метар од тој што е најблиску до него. Затоа, на сите четири трибини на стадионот на Партизан ќе биде намален бројот на гледачите.

 

- Оглас -

Најнови вести