Домаќините во обид да се заканат од контра-напад со висока топка, нивната акција беше спречена од голманот на Алавес Фернандо Пачехо, меѓутоа шпанскиот чувар на мрежата прописно се избламира.
Очигледно три месеци пауза без фудбал си го прави своето, па Пачехо при истрчување да ја собере топката заборави колкав е просторот на шестнаесетникот и вон него ја смири топктата со раце. Играта веднаш беше прекината, а ексголманот на Реал Мадрид заработи директно исклучување и ги остави гостите на цедило по само 19 минути игра.
Еспањол сега има голема шанса да ја запише само втората победа на домашен терен во Ла Лига за оваа сезона.
https://twitter.com/BCAFCBH/status/1271780395021934592?s=20&fbclid=IwAR3ONGVNV8xlLbeYVcrK2brhg4X5gofjNE4zfU2hs8qzH_inD5GOtU15d3s