Спорт клуб ТВ го загуби правото за пренос на шпанското првенство!

Ексклузивните права за пренос на натпреварите од шпанската Ла Лига од 2021 година ќе ги има Телекот Србија, која во своја сопственост ја има телевизијата Арена спорт. Владимир Лучиќ кој е координатор за интернет и мултимедија на Телеком Србија, ги откри плановите за следните неколку години.

„Ги имаме комплетните права за Лигата на шампиони и Лигата на Европа, а да потенцирам дека од средината на 2021 година ќе станеме и ексклузивни застапници за правата на Ла Лига за целото подрачје на поранешна Југославија. Планираме значајно да ја засилиме програмата на Арена спорт во регионот“, вели Лучиќ во изјава за српските медиуми.

Шпанското првенство во изминативе неколку години можеше да се следи на каналите на Спорт клуб телевизијата, но од сезоната 2021/22 тоа ќе се смени и Арена спорт ќе ги има правата за пренос во следните пет сезони, односно до 2026 година. Освен натпреварите од Шпанија, уште од оваа есен, на програмите на Арена Спорт ќе ги има и преносите од португалското првенство.

- Оглас -

Најнови вести