Осасуна освои бод на „Аноета“ и им направи услуга на Атлетико и Хетафе (видео)

Реал Сосиедад ремизираше со Осасуна при конечни 1-1 во последниот дуел од 28-мото коло во Ла Лига. Баскијците имаа шанса да им избегаат на Хетафе и Атлетико Мадрид на табелата со евентуална победа, меѓутоа гостите се покажаа како тврд орев.

Осасуна поведе со погодокот на Адријан од пенал во 29-тата минута откако Ле Норман играше со рака во казнената зона, а од ВАР-собата го потврдија прекршокот. Домаќините се мачеа да изедначат подолг период, а конечно успеаја во 61-та минута, со помош на капитенот Ојарзабал.

Сосиедад со 47 бода е на четвртото место пред Хетафе и Атлетико, кои имаат по 46 бода, Осасуна се држи на средината со 35 бода.

https://streamable.com/gkoo61

 

- Оглас -

Најнови вести