Трајковски по пет месеци заигра за Мајорка и загуби

Александар Трајковски одигра околу 25 минути во поразот на Мајорка од 1-0 на гостувањето кај Вилјареал влегувајќи од клупата во 67-мата минута. Македонскиот репрезентативец истрча на шпанските терени за првпат по пет месеци откако последен пат играше во јануари, во Кралскиот куп против Сарагоса.

Само неколку минути во влегувањето во игра, Трајковски доби шанса да асистира откако со неколку дриблинзи се ослободи од противничкиот играч, меѓутоа неговата нафрлена топка не ја искористи Кучо, погодувајќи ја надворешната страна од мрежата.

Во рамките од Ла Лига, Трајковски од октомври минатата година немаше запишано настап за Мајорка, додека во претходното коло во поразот од Барселона со 4-0 нашиот офанзивец остана на клупата. Инаку триумфот за Вилјареал го обезбеди Карлос Бака во 16-тата минута.

Вториот меч во шпанското првенство кој започна во 19:30 часот меѓу Хетафе и Еспањол заврши со реми без голови.

- Оглас -

Најнови вести