Атлетико вчера го запиша првиот пост-корона триумф со убедливите 5-0 на гостувањето кај Осасуна. Јорганџиите одамна не биле толку ефикасни на еден меч од Ла Лига, а триумфот воедно беше посебен за Јан Облак.
Голманот на Атлетико урна лигашки рекорд за сочувани мрежи, Облак стигна до 100-та празна мрежа само на 182 настапи во Ла Лига. Словенецот го урна рекордот на Мигел Рејна, ексголманот на Барселона и Атлетико во 222 меча запиша 100 празни мрежи. Истотака, Облак е и првиот странски голман кој имал 100 меча без примен гол.
100 – @atletienglish's Jan Oblak has become the goalkeeper with the fewest games needed to reach 100 clean sheets in @LaLigaEN history (182), surpassing Miguel Reina's record (100 clean sheets in 222 matches). Ace. pic.twitter.com/z8tfQDsG4N
— OptaJose (@OptaJose) June 17, 2020