Ги намириса: Кумановец ги погоди двата пресврти во Калчото и „лапна“ 110.000

Многу ретки се случаите да се погоди еден пресврт на тикет, а овој обложувач од Куманово им пркоси на шансите со двата погодени пресврти кои се случија вчера во Серија А. Само со 200 денари, обложувачот од Куманово ги врза дуелите Рома – Сампдорија и Аталанта – Лацио со типот „два во кец“ и си доби одлични 110.400 денари.

На двата меча коефициентот беше поголем од 20. За триумфот на Рома од 2-1 над Сампдорија, до кој Волчицата дојде по негатива од 0-1 во првите 45 минути, квотата изнесуваше точно 23, додека пак дербито на „Бергамо“, Аталанта спасуваше два гола негатива и триумфираше со 3-2 за погодена квота 24.

Неизвесно беше и во двата дуели, за конечните пресврти се чекаше до самиот финиш. Џеко во 85-тата минута го постигна победничкиот гол за Рома, Аталанта до конечните 3-2 дојде во 80-тата минута преку Паломино.

- Оглас -

Најнови вести