Наградите се на дофат, типувајте до 15.30 часот на бесплатната Спортска прогноза

Со почетокот на дуелот од Бундеслигата меѓу Унион Берлин и Фортуна Дизелдорф од 15.30 часот, завршува и можноста за учество во 31. коло на Спортска прогноза. Затоа, ако не сте типувале, имате време да го сторите тоа и да бидете меѓу оние потенцијални добитници на награди.

Од менито на 13-те основни двојки, денеска се играат четири меча. Најсигурен тип треба да биде единица на мечот Лидс – Фулам, но ако не сметате како повеќе од 80 проценти од прогнозерите, обидете се со друг тип.

Утре во фокусот ќе биде градското дерби на „Керамика“ помеѓу Вилјареал и Валенсија, а интересно ќе биде и на мечот Милан – Рома. Најголем број од прогнозерите типувале на нерешено за средбата во Валенсија, а половината се изјасниле дека Росонерите ќе ја совладаат Волчицата, додека другата половина верува во реми или двојка.

Погодена тринаесетка се наградува со мобилен телефон „IPhone XS“, за еден промашен пар ви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а има и награда за две утки со ваучер од 500 денари.

Во претходното коло имаше 13 добитници на ваучери од 500 денари. Во битката во Генерален пласман се сметаат и поените од двата резервни пара, па важно е да се погодат со точен исход и мечевите меѓу Вердер и Келн, односно Удинезе против Аталанта.

Премијата за победникот во Генерален пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а наградени ќе бидат сите учесници што ќе бидат во Топ-5 на крајот од втората сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести