Колото број 31 на Спортска прогноза не беше најсреќно за оние коишто ја играат оваа бесплатна игра, а особено тројца играчи немаа среќа бидејќи дојдоа на чекор од освојување на ваучер од 500 денари од Sport Life, колку што се добива за 11 погодоци. Горан, Дарко и Тони погодија по 10 од 13-те парови кои ги нудевме во бесплатната игра и за малку не освоија награди.
Можеби повеќе среќа и знаење ќе имаат во новото 32-ро коло, за кое денеска попладне ќе ги објавиме двојките од основната понуда и двете резервни. Претходниот викенд 13-мина успеаjа да погодат 11 парови, а со тоа да станат и добитници на вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life, а овојпат за малку не беа доделени три ваучери, но формата на прогнозерите е во нагорна линија.
Главната премија, мобилен телефон IPhone XS се доделува за 13-ка. За 12 погодоци, вредносниот ваучер изнесува 1.000 денари.
Освен неделните подароци кои може да ги освоите, за оние кои се најуспешни во Генералниот пласман следуваат одлични добивки. Христијан Т. долго време е лидер во трката за сезонскиот подарок за шампионот, ТВ смарт од 48 инчи. Сепак, до крајот има уште доста да се игра, да се прогнозира и да се забавува, па ве очекуваме и во ова коло со вашите прогнози.
Нема место за разочаруваање, паровите за следното коло кои ќе бидат познати во 14 часот се нова шанса и уште денеска ќе може бесплатно да прогнозирате. Инаку, до крајот на сезоната остануваат само уште три кола, подгответе се за завршниот спринт.