Традицијата од дуелите на Барса и Атлетико нуди подарок за обложувачите

Барселона и Атлетико Мадрид вечерва на празниот „Камп ноу“ може да го одредат патот на Каталонците, кикс на домашните ќе значи можеби и клучен чекор назад во трката со Реал Мадрид, а пораз од екипата на тренерот Диего Симеоне може да значи и отказ за тренерот Кике Сетјен, кој наводно добил ултиматум од управата дека мора да го добие натпреварот.

Традицијата на меѓусебните дуели на овие два тима во последните пет години најавува три работи. Прво, мечот нема да заврши 0-0, второ, ќе победи Барселона, и трето, нема да паднат повеќе од три гола.

На лигашките пресметки меѓу Барса и Атлетико на „Камп Ноу“ повеќе од 30 години не се случило да биде без голови. Есеноска на „Ванда метрополитано“ за малку ќе беше 0-0, но Лионел Меси во 86-тата минута спречи такво сценарио. Иако ова е дуел на двајца од тројцата најдобри голмани во шпанската лига, сепак гол би требало да има.

Но, колку голови ќе има? Не повеќе од три, вели традицијата. Ако не се смета јануарскиот меч од Суперкупот, во кој Атлетико на неутрален терен ја победи Барса со 3-2 и притоа се повреди Луис Суарес, кој паузираше четири и пол месеци, 14 од последните 15 дуели на овие тимови завршуваа со 1-3 гола. Квотата за играта 1-3 гола во обложувалниците Sport Life е 1.39. Многу често било со 0-2 гола и ако е верувате дека ќе паднат над два гола, коефициентот е 1.78.

Атлетико со Диего Симеоне на клупата знаеше да ја елиминира Барселона во Лигата на шампионите и тоа во два наврати, но во лигата Атлетико одамна не ја совладал Барселона. Атлетико 14 години не славел на „Камп ноу“, а Меси, кој го чека 700-тиот гол во кариерата, се сеќава на тој меч бидејќи играше. Барса е „црна мачка“ за Атлетико во Ла Лига, но можеби дојде време да се разбие малерот.

Барселона не може да смета на Дембеле и Де Јонг, кои се повредени, но се враќа Серџи Роберто. Кај Атлетико проблем е отсуството на Коке, Савиќ, Врсаљко и Ермосо.

Спектаклот е загарантиран, важноста може да донесе и потврда игра, но ако падне гол рано и се растури концепцијата на едните или другите, голманите ќе бидат на мака.

- Оглас -

Најнови вести