Гоче е спасителот на Џенова: Гранде Пандев погоди за водство против СПАЛ (Видео)

Горан Пандев е незадржлив, а тоа го покажа и денеска со погодокот против СПАЛ во мечот кој Џенова едноставно мора да го добие. Гранде Пандев доби шанса да биде во стартниот состав и по само 24 минути покажа уште една мајсторија за водство на Џенова.

Популарниот Гоче прими една топка на ивицата на шеснаесетникот, со левата нога ја префрли топката на десната страна и со десна биеше прецизно покрај немоќниот голман на гостите. За Пандев ова е девети погодок сезонава и тој е убедливо најдобар стрелец на Џенова.

https://youtu.be/nLacbWOEcqY

https://youtu.be/LWhrHWhhXKQ

- Оглас -

Најнови вести