Тухел ќе располага со најсилниот состав во финалето против Баерн

ПСЖ во финалето против Баерн Минхен ќе биде посилен со Марко Верати во стартниот состав. Италијанскиот играч за врска целосно ја надмина повредата и ги одигра последните минути во полуфиналето против Лајпциг, по што доби зелено светло за целосен настап од 90 минути.

Тоа значи дека Томас Тухел ќе располага со најсилниот можен тим на ПСЖ, откако од претходно е потврдено дека и голманот Кејлор Навас ќе може да брани од првата минута.

Мбапе очигледно повеќе нема никакви проблеми со глуждот бидејќи играше до 86-тата минута против Лајпциг, така што Светците со целиот арсенал ќе атакуваат на Баерн во недела.

- Оглас -

Најнови вести