Подготвен е и пехарот за победникот во Лигата на Европа, а веќе е изгравирано и иметот на Севилја, по шести пат на трофејот во второто по квалитет натпреварување на Стариот континент.
Екипата од Андалузија е непобедлива во ова натпреварување и во шестото финале по шести пат победи што е и рекорд во Лигата на Европа.
Со двата гола на Лук Де Јонг и автоголот на Ромелу Лукаку, Севилја го победи Интер во Келн со 3:2 и само ја продолжи импресивната серија.
Зад нив со дупло помалку трофеи на делба не втората позиција на вечната листа се Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид и Ливерпул.