Барди и Леванте не издржаа во финишот, Ен Несири ги освои трите бода за Севилја

Леванте со Енис Барди во стартниот состав не издржа во финишот од гостувањето кај Севилја и загуби со минимални 1-0. Ен Несири ги освои бодовите за андалузискиот тим со погодок во втората минута од судиското надополнување и ја реши средбата во која се чекаше мирен крај.

Тимот од Валенсија загуби на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ и во четвртото последователно гостување. Претходно ВАР му поништи гол на Мунир во 67-мата минута, поради фаул претходно во акцијата.

Севилја по два меча, освои шест бода, а Леванте има три бода со една победа и два порази по три одиграни натпревари во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести