Куман по ремито на „Камп ноу“: Севилја е екипиште, физички се посилни од нас

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по ремито против Севилја од 1-1, рече дека андалузискиот тим бил силен ривал и дека физички се поподготвени од неговите фудбалери. Заморот бил една од причините за послабото издание на Барса во однос на првите два меча кои ги добија убедливо.

„Тежок меч, Севилја ни вршеше голем притисок. Наш најголем проблем беше што топката не ја имавме толку многу колку што сакавме. Севилја играше добро, правеше притисок, физички се посилни од нас. Загубивме многу топки во второто полувреме, тешко беше да играме во ист ритам. Тимот беше заморен, но задоволен сум што се бореа до крај. Треба да бидеме задоволни со седум бода од три меча, имавме тешки противници“, изјави Куман, кој по повредата на Жорди Алба, му даде прилика на бекот Сержињо Дест да дебитира и да стане прв Американец кој заиграл за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести