Заработи два жолти картони за две минути за два различни старта на ист играч, неговиот тим загуби прв пат по осум месеци (Видео)

Гранада минимално со 1:0 ја победи Севилја, во меч на кој заврши една неверојатна серија на гостите. Севилја повеќе од осум месеци немаа пораз во меч од 90 минути игра. Шпанскиот тим летово триумфираше во Лигата на Европа, а одлично играше и во домашното првенство. Единствено загуби од Баерн Минхен во Суперкупот на Европа, но тоа беше во меч кој имаше 30 минути продолженија.

Претходно, Севилја немаше пораз од 9 февруари, односно на 27 средби по ред. На денешното гостување, како една од главните причини за поразот може да се бара во црвениот картон на Жоан Жордан. Играчот на Севилја за помалку од една минута заработи два жолти картони за два различни старта на ист играч. Тоа се случи пред крајот на првото полувреме.

https://youtu.be/P_-SJtjZz6o

Во вториот дел Гранада успеа во 82 минута да го скрши отпорот на гостите и со погодокот на Херера да се израдува на триумф, а Севилја по повеќе од осум месеци да го претрпи првиот пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести