Двократен НБА-шампион влегува во ринг

Ламар Одом, поранешниот кошаркар на ЛА лејкерс, на 41 година започнува боксерска кариера. Одом потпиша договор со телевизиското шоу на „ФОКС“, Селебрити боксинг, по што првата борба му е закажана за 12 јуни во Атлантик сити.

Засега не е познат противникот на Одом, но сигурно ќе биде уште една славна личност која има желба да се проба во боречките вештини.

Инаку, само пред шест години Одом го допре дното и за малку ќе го загубеше животот од предозираност со дрога. Пороците ги остави зад себе и постепено му се враќа на нормалниот живот.

„Се обидувам да се одвикнам од порно и блага храна. Се трудам да бидам подобар човек“, посочи Одом.

Инаку, некогашниот крилен центар на Клиперс, Далас и Мајами највпечатливите моменти во кариерата ги запиша како играч на ЛА лејкерс, со кои освои два шампионски прстени во 2010 и 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести