Вардар по првите 30 минути на гостувањето кај Порто засега одржува егал резултат при 13:13.
Вардар тргна фуриозно и во првите седум минути оствари серија од 5-1, а потоа избраниците на Алушовски запреа и беа без погодок ист временски период и му дозволија на Порто да израмни на 5:5 по серијата од 4-0 на домашниот состав.
Вујин го прекина постот и реализира за 6:5 во 15-тата минута, што беше прв гол за гостите од Скопје по осум и пол минути игра. Тоа беше најава за ново преземање на резултатот од страна на Вардарци за +3, водство кое повторно брзо беше анулирано, за Порто во последните пет минути да влезе со прво водство на средбата при 12:10. На неколку секунди пред паузата Вардарци успеаја да израмнат и на одморот да заминат со нерешени 13:13.
Јотиќ и Дибиров засега делуваат најрасположено, тие двајца комбинираа седум погодоци за Вардар, а токму од нив ќе зависи и играта на македонскиот првак и во второто полувреме.