Нант го отпушти тренерот кој цели 28 години нема победа!

Рајмонд Доменек веќе не е тренер на францускиот прволигаш Нант. Некогашниот француски селектор на клупата на Нант остана само неполни два месеца, во кои на седум натпревари имаше три порази и четири нерешени резултати.

Доменек десет години немаше работено како тренер или селектор, а неодамна пред да потпише за Нант, го спомнуваа како кандидат за селектор на Србија. Под водство на Доменек, репрезентацијата на Франција имаше очаен пласман на СП 2010 во Јужна Африка и оттогаш немаше работено пред да го преземе Нант.

Со Нант, Доменек немаше ниту една победа, па стручњакот останува цели 28 години без триумф на клупска сцена. Последната победа како тренер на некој клуб му датира уште од јануари 1993 година, кога го водеше Лион. Тоа му беше и последен клуб во кој работеше, пред Нант.

Згора на тоа, 69-годишниот Доменек е во изолација откако беше позитивен на ковид-19. Се шпекулира дека нов тренер на Канаринците од Нант ќе биде Антоан Комбуар.

- Оглас -

Најнови вести