Фудбалерите на Црвена ѕвезда денеска отпатуваа во Милано, каде што утревечер на „Сан Сиро“ ќе го играат реванш-мечот од 16-финалето во Лигата на Европа против Милан. Првиот меч во Белград заврши 2:2, што значи дека српскиот првак мора да брка победа или барем реми со најмалку два дадени гола.
Навивачите на Црвена ѕвезда веруваат во своите миленици и на денешното патување кон Милано решија да приредат нова фешта. Делиите беа распоредени по автопатот кој води од Белград до аеродромот „Никола Тесла“ и со пиротехника и пароли ги поздравија фудбалерите и целата експедиција на чело со тренерот Дејан Станковиќ.