Барселона испиша историја, се специјализираш за драматични куп-победи, а им помогна и ВАР (Видео)

Барселона е првиот финалист во шпанскиот куп и за трофејот ќе се бори против Леванте или Атлетик Билбао. Барса вечерва на драматичен начин со 3-0 ја елиминира Севилја, од која на првиот меч загуби со 0-2. Барса за првпат во својата 121-годишна историја одигра дури пет меча (два во Суперкупот и три во Купот) од 120 минути во иста сезона.

Каталонците во регуларниот дел победија со 2-0, вториот гол го дадоа во 94-тата минута, а 20 минути порано Севилја утна пенал. Во петтата минута од екстра периодот, Мартин Брајтвајт ја докрајчи разнишаната Севилја, која се бранеше со играч помалку, но не се одбрани. Фановите на Барса ги исплаши една ситуација во која Ленгле играше со рака во својот 16-ник, но судијата пресуди дека нема пенал бидејќи топката удрила во градите.

Лук де Јонг, кој беше на клупата, и помошникот-тренер на Севилја бурно протестираа и добија црвени картони.

Ова е третиот гол на Барселона кој го однесе тимот на Роналд Куман во финале:

- Оглас -

Најнови вести