Главните знаменитости во Белград обоени во црвен и бел чад (Видео)

Навивачката група „Делии“ направи спектакл низ Белград по повод 76-годишнината од формирањето на спортското друштво Црвена ѕвезда. Фановите на најтрофејниот српски клуб низ сите позначајни знаменитости, споменици, како и стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, палеа факли и чадни бомби во црвена и бела боја.

Спортскиот колектив Црвена ѕвезда бил формиран по завршувањето на Втората светска војна, на иницијатива на градскиот одбор на Обединетиот сојуз на антифашистичката младина на Србија од Белград. Првиот фудбалски меч е одигран на денот на формирањето, 4 март, а ривал на Ѕвезда бил првиот баталјон на втората бригада на КНОЈ. Ѕвезда славеше со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести