Навивачите на Арсенал протестираат пред „Емирати“ против Кронки (видео)

Арсенал и Евертон за околу половина час треба да ги одмерат силите на „Емирати“ во рамките на 33-тото коло во Премиер лигата, а во меѓувреме пред стадионот на Топчиите се случува протест.

Незадоволните навивачи од раководењето на сопственикот Стен Кронки, бараат негово заминување. Газдата на Арсенал беше дел од формирањето на Суперлигата која претрпи спектакуларен распад за само 48 часа, а тоа што клубот од Северен Лондон отстапи од проектот, за фановите не е доволно. Бараат Кронки да го препушти клубот на луѓе кои со најдобри намери ќе финансираат и ќе го вратат Арсенал во славните денови.

Во меѓувреме се дозна дека фудбалерите на двете екипи пристигнале порано од предвиденото на стадион, со цел да ја избегнат толпата лути навивачи и да се избегне попречување на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести