Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, го стави Килијан Мбапе во почетниот состав за дуелот со Манчестер сити, што треба да значи дека повредата е санирана целосно, па Мбапе со Нејмар и Ди Марија ќе биде триото во офанзивниот дел на Светците за првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Кај Граѓаните, тренерот Хосеп Гвардиола реши да тргне со Бернардо Силва, Марез и Фоден, а на клупа ги остави Агуеро, Стерлинг и Габриел Жесус.