Манчестер сити никогаш не бил поблиску до финале во Лигата на шампионите (Видео)

Манчестер сити беше многу подобар од ПСЖ во второто полувреме на гостувањето во Париз, па тимот на тренерот Пеп Гвардиола за шест дена на реваншот дома ќе тргне со предност од 2-1. Манчестер сити оди по своето прво финале во најсилното клупско натпреварување во клупската историја.

Светците водеа по првото полувреме, но во вториот дел гостите од Англија доминираа и со помош на грешките на противникот, дојдоа до голема победа. Најпрвин Кевин де Бројне даде случаен гол бидејќи тој нафрлуваше, а топката влезе во гол. Овој гол оди на душа на голманот Кејлор Навас, а вториот беше дело на Ријад Марез, кој погоди од слободен удар, откако во живиот ѕид имаше голема дупка и Навас не можеше многу да направи.

Погледнете го победничкиот гол на Марез:

https://twitter.com/i/status/1387508432769531911

- Оглас -

Најнови вести