Јокиќ со „банана“ за победа, по 11 години Сонцата ќе светнат во плејофот (Видео)

Феникс санс славеше над директниот ривал Лос Анџелес клиперс со 109:101, победа која значи дека Сонцата си обезбедија место во плејофот. По пауза од 11 години, ова ќе биде прво учество на Феникс во доигрувањето за титулата. По 62 одиграни меча, Санс има 44 победи и само 18 порази и се само вториот тим од Западот со сигурен пласман во плејофот, веднаш зад лидерот Јута џез. Од Западната конференција, сигурни во разигрувањето за титулата се само Бруклин и Филаделфија.

Уште од самиот старт на мечот против Клиперс, кошаркарите на Феникс беа решени да потврдат дека местото им е меѓу најдобрите. Поведоа со 6:0 и потоа во ниту еден момент на противникот не му дозволија ниту да израмни. Домаќините стигнаа и до предност од 34:22 и потоа до крајот на средбата константно ја одржуваа предноста да биде меѓу пет и 15 поени разлика.

https://youtu.be/GPouqyfk62Y

Никола Јокиќ одигра уште еден блескав меч и е најзаслужен за победата на Денвер против Њу Орлеанс од 114:112. Српскиот центар, кој е еден од најголемите фаворити за освојување наградата МВП во регуларниот дел, заврши со 32 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Покрај одличното издание во офанзивниот дел, Јокиќ во последните секунди од мечот го имаше најдобриот потег, и тоа во дефанзивниот дел. Успеа да го изблокира Зион во последниот напад на гостите и не дозволи мечот да има продолжение.

Јута џез немаше милост против Сакраменто и убедливо победи на гостувањето со 154:105. Џезерите едноставно беа незадржливи во нападот, па за Сакраменто ова е четвртиот најубедлив пораз во клупската историја.

Резултати: Кливленд – Орландо 104:109, Филаделфија – Атланта 127:83, Бостон – Шарлот 120:111, Њујорк – Чикаго 113:94, Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:107, Мајами – Сан Антонио 116:111, Денвер – Њу Орлеанс 114:112, Мемфис – Портланд 109:130, Фенилс – ЛА клиперс 109:101, Сакраменто – Јута 105:154.

- Оглас -

Најнови вести