„Бананата“ на Јокиќ ги подели навивачите во НБА, имаше ли фаул? (Видео)

Никола Јокиќ на секој меч е во центарот на вниманието во НБА-лигата. Србинот, кој е главен конкурент да ја добие наградата МВП на регуларниот дел, одигра уште еден блескав меч и беше најзаслужен за победата на Денвер против Њу Орлеанс од 114:112.

Покрај тоа што беше најефикасен на теренот со 32 поени, плус 7 скока и 8 асистенции, Јокиќ во последните секунди со потег во дефанзивата ја сочува победата на Денвер. Њу Орлеанс го имаше последниот напад, Зион тргна на забивање, а Јокиќ му ја исфрли топката од раце. Судиите одлучија дека се работи за чиста блокада и тоа беше доволно за победа на Денвер.

Сепак, телевизиските снимки покажуваат дека арбитрите можеби згрешиле во оваа ситуација. Една снимка покажува како Јокиќ го удира Зион директно во раката, додека на другата делува како да игра чисто на топка.

„Кошаркарските богови секогаш даваат малку среќа на оние кои се борат и играат цврсто“, рече Јокиќ без да сака директно да даде коментар за спорната ситуација.

Тоа што е интересно е дека Зион, врз кого беше направена блокадата, воопшто не се жалеше туку скромно искоментира: „Морам да го заработам респектот од судиите. Ова ми е само втора сезона“.

Погледнете ги двете снимки и сами одлучите дали блокадата е чиста или судиите овојпат погрешија.

 

- Оглас -

Најнови вести