Реал не се предава, избори мајсторка против Ефес

Реал Мадрид ја доби и четвртата пресметка против Анадолу Ефес со 82:76 и израмни на 2-2 во серијата, по што во мајсторка ќе се одлучува патникот на Ф4 турнирот во Евролигата.

Кралевите тргнаа фуриозно со одлична серија до 17-0 на стартот, но Ефес додаде гас и веќе во вторите 10 минути направи значаен пресврт и своевремено водеше со највисоки +16 поени предност.

Гостите од Истанбул го чуваа резулатот до последните 150 секунди од средбата во Мадрид, но тројката на Алберто со која Реал поведе со 74:73 им го отвори патот на Љуљ и Руди Фернандес кои погодија шест слободни фрлања во низа и ја осигураа победата.

Гаруга со дабл-дабл од 23 поени и 12 скока го предводеше Реал, Бибо на другата страна заврши со идентичен број на поени, додека Ларкин уфрли 22 поени кои се испоставија дека не се доволни за Ефес.

- Оглас -

Најнови вести