Иако најави дека ќе се повлече од активното скијање на крајот на оваа сезона, сепак Линдзи Вон за осум месеци ќе го одложи своето пензионирање, и ќе учествува на една трка и во наредната сезона. Станува збор за учество на патеката во Лејк Луис, канадскиот центар во кој Вон викендов не можеше да настапи поради повреда.
Таа смета дека мора уште еднаш пред да ја заврши кариерата да се појави во омилениот Лејк Луис.
„Планирав да се тркам во Лејк Луис и мислам дека мора да се појавам таму како за крај. За некои луѓе мојата одлука е чудна, но мислам дека дека е правилна и има логика. Некои луѓе местото го викаат Лејк Линдзи поради мене, 18 пати сум победила таму“ – изјави 34-годишната Вон.
Рекордерката по број на победи во Светскиоот куп, минатата недела се повреди на тренинг во Колорадо и нема да учествува на првите шест трки во дусциплините спуст и супер-џи. Дебито може да го има во Сент Антон во Австрија на 12 и 13 јануари.