Црвена ѕвезда е на чекор од поставување светски рекорд

Црвена ѕвезда сезонава доминира во српското првенство како никогаш претходно. Црвено-белите вчера славеа убедливо со 6:1 против Златибор, иако на полувремето губеа. За шампионот тоа беше 33 победа сезонава, а има само уште три нерешени резултати и ниту еден пораз.

Со таков неверојатен биланс, Ѕвезда досега собра 102 бода и сега е на чекор од рушење на рекордот на Селтик. Шкотскиот гигант во сезоната 2016/17 заврши со 106 бодови, што е светски рекорд. Ако Ѕвезда успее да ги добие мечевите во последните две кола, тогаш ќе стигне до рекордни 108 бодови.

До крајот на сезоната, Ѕвезда ќе игра и во финалето на Купот, и тоа против најголемиот ривал Партизан и ќе се обиде да стигне до двојна круна. Дека има квалитет, Ѕвезда покажа и на европска сцена и играше во нокаут-фазата од Лигата на Европа, каде што несреќно беше елиминирана од италијанскиот гигант Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести