Гнабри круцијален за Баерн, Ројс и Алкасер прецизни за Дортмунд

Борусија Дортмунд очекувано триумфираше против Фрајбург во рамките од 13. Коло во Бундеслигата. „Милионерите“ рутинирано славеа со 2-0, и така ја запишаа 10-тата победа во германскиот шампионат.

Ројс од белата точка во 40-тата минута погоди за 1-0, а Пако Алкасер одново се запиша во лсистата на стрелци. Во првата минута од судиското надополнување го постигна 10-от погодок во Бундеслигата, за конечни 2-0.

Баерн Минхен славеше на гостувањето во Бремен против Вердер со 2-1. Убедливиот триумф од 5-1 против Бенфика во Лигата на шампиони очигледно им внесе самодоверба на „баварците“, па конечно по три средби без победа во Бундеслигата, денес се радуваа на три бода.

Серж Гнабри во два наврати ја затресе мрежата на домаќините. За 0-1 погоди во 20-тата минута, Вердер за брзо успеа да се врати во игра преку Осако, но, гермнаскиот репрезентативец по само пет минути игра во вториот дел ја запечати победата за Баерн.

Херта со 2-0 го совлада домаќинот Хановер, додека Штутгарт со минимални 1-0 беше подобар од тимот на Аугзбург.

- Оглас -

Најнови вести