Меси е претерано срамежлив во женско друштво (Видео)

Лионел Меси, фантастично се снаоѓа на фудбалскиот терен, но кога станува збор за фотографирање во женско друштво, суперѕвездата покажа дека е „тапа“.

Фудбалерот присуствуваше на еден настан во Барселона, па кога стапна на црвениот килим, требаше да застане за да позира пред фоторепортерите. Додека блицевите светкаа од сите страни, на Меси му се придружи 18-годишната израелска манекенка Јаел Шелбија која е заштитно лице на компанијата која го организираше настанот.

Однесувањето на Меси беше чудно, тој стоеше неприродно, како „споменик“, воопшто не ѝ обрати внимание на убавицата крај него. Таа почна да му се доближува, но Меси продолжи да „не ја рецка“. Се разбира, по социјалните мрежи има многу шеги на негова сметка, а доминираат коментари дека Меси не сакал да си има проблеми со сопругата и затоа така се однесувал.

Погледнете како се однесуваше Меси со манекенка до него:

https://www.youtube.com/watch?v=0aRGZ8tpBd0

- Оглас -

Најнови вести