Потоп на Македонецот Андоновски на стартот од Олимписките игри во Токио (видео)

Женската фудбалска репрезентација на Шведска славеше убедлива победа над фаворитот САД и македонскиот селектор Влатко Андоновски со 3-0 на стартот од фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио.

Актуелните светски шампионки не беа на потребното ниво и беа надиграни во поголемиот дел од средбата. Блекстениус во 25-тата минута го отвори резултатот, а потоа зголеми на 2-0 само по 10 минути игра во вториот дел. Конечните 3-0 ги постави Хуртиг во 72-рата минута.

Фудбалерките на Андоновски на 24 јули против Јужна Кореја ќе ја бараат првата победа во второто коло од групната фаза.

https://streamable.com/6r0eko

https://streamable.com/ncefex

https://streamable.com/k797ae

Останати резултати ОИ Токио:

Велика Британија жени 2-0 Чиле жени, Кина жени 0-5 Бразил жени.

- Оглас -

Најнови вести