Во тимот на Каират Алмати, четворица првотимци се позитивни на ковид-19, што е огромен проблем за казахстанскиот првак на два дена пред гостувањето кај Црвена ѕвезда во реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Заразени со корона-вирусот се Маки Бањак, Хосе Канте, Стас Покатилов и Ајбол Абикен. Стрелците за Каират во победата над Ѕвезда од 2-1 во првиот меч отпаднаа од комбинација за настап, па колку што ова се лоши вести за гостите од Казахстан, толку се добри за српскиот шампион.
Возвратниот дуел на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград е закажан за среда во 20:30 часот.