Новак Ѓоковиќ не само што ги загуби двата меча кои требаше да ги добие за да освои медал на Олимписките игри во Токио, ја загуби и самоконтролата. Србинот беше поразен во борба за бронзениот медал од Пабло Карењо Буста од Шпанија, а Ноле не можеше да се помири со тоа колку лошо одигра.
Во еден момент, кога не успеа да стигне една скратена топка, Ѓоковиќ изненадувачки го фрли рекетот кон трибините. За среќа, поради тоа што дуелите се играат без публика, немаше ни повредени.
Тоа не беше единствениот испад на Ѓоковиќ. Во друга ситуација, Србинот во нервоза го искрши рекетот.
Djokovic then got a warning for this. Pablo asked how he was not given a point penalty. pic.twitter.com/0MWzeZV8Y9
— . (@Ashish__TV) July 31, 2021